Играше за Интер, постигна над 100 гола во Серија А, па стана кошаркар (ВИДЕО)

Поранешниот аргентински фудбалер Родриго Паласио во текот на кариерата играше за Интер, Болоња и Џенова, а притоа постигна 101 гол во Серија А, по што реши да почне кошаркарска кариера.

Иако многумина сметаа дека ќе оди во заслужена пензија и конечно ќе одмори од спортот, сепак Аргентинецот реши да заигра во Серија Д на позицијата плејмејкер.

Паласио ја почна кариерата во татковината, по што се пресели во Италија во 2009 година, додека за аргентинската репрезентација настапи на 27 меча и постигна три гола.