Ибрахимовиќ во аут десет дена, а потоа на нови тестови

Шведската суперѕвезда Златан Ибрахимовиќ, кој и на 39 години игра како препороден и го одржува Милан на лидерското место во Серија А, синоќа се повреди во дербито со Наполи, а веќе е познато колку ќе паузира – десет дена.

Ибрахимовиќ заработил повреда на тетивата над коленото на левата нога и поради тоа сега ќе биде во аут во следните десет дена и ќе пропушти три меча, но после овој период ќе оди на повторни прегледи за да се утврди дали би можел да продолжи да игра фудбал или ќе мора уште некој период да следи рехабилитациска програма.

Ибра и Милан не сакаат да ризикуваат за поголг период на отсуство, па најавено е дека многу внимателно ќе пристапат на процесот на рехабилитација, а ако е потребно и подолго време ќе паузира Швеѓанецот, кој е исклучително важен за тимот и сезонава даде досега 10 гола во Калчото.

Според ова, тој ќе ги прескокне мечевите со Фиорентина претстојниот викенд, како и двата дуели во Лига Европа, со Лил и со Селтик.