И тоа се случи: После 20 порази во Премиерлигата дочека да се израдува на прва победа!

Џек Грилиш, фудбалерот на Астон Вила беше најголемиот малер во историјата на премиерлигашкиот фудбал, зашто откако заигра во англиската елита, немаше ниту една победа, а фати неверојатна серија од 20 порази во низа и тоа во последните четири години.

Но, после четири години и „срамен низ“ синоќа стави крај на нешто што беше незапаметено во англискиот фудбал. Астон Вила победи со 2-0 против Евертон во првиот меч од третото коло во англискиот шампионат, а со то Грлиш стави точка на својата малерозна низа.

Покрај Грилиш, крај на голема губитничка серија стави и клубот од Бирмингем, кој немаше премиерлигашки триумф од февруари 2016 година, или повеќе од три ипол години, во кои серијата им беше едно реми и 14 порази.

Астон Вила во јуни годинава преку плејофот се врати во англиската елита.