Хојлунд сѐ подалеку од Милан, „росонерите“ притискаат за напаѓач на Баер

Сезоната во Серија А почнува претстојниот викенд, а Милан се уште не донел нов напаѓач во своите редови.

Преговорите со Душан Влаховиќ уште траат, Расмус Хојлунд е се подалеку од Сан Сиро, па раководството на „росонерите“ се сврте кон Виктор Бонифејс од Баер Леверкузен. Веќе се преземени конкретни чекори бидејќи агентот на Нигериецот бил на разговор со челниците на Милан.

Баер Леверкузен нема проблем да го пушти својот фудбалер и тоа на едногодишна позајмица, но со обврска на Милан идното лето да го откупи договорот на Бонифејс за 30 милиони евра. Напаѓачот беше цел на италијанскиот клуб и минатото лето, но одлучи да остане во Баер.