
Серафимов регистриран, ќе конкурира за настап против АЗ Алкмар
Противник на Левски е холандскиот претставник АЗ Алкмар, а дуелот се игра во Софија каде „сините“ ќе се обидат да дојдат до позитивен резултат. За Серафимов тоа ќе биде враќање во квалификациите за Конференциската лига по пауза од три години откако во сезоната 22/23, како играч на Видеотон учествуваше во ова натпреварување.
Минатата недела тој потпиша тригодишен договор со Левски како слободен играч и се очекува да биде големо засилување за софискиот тим.