Крсте Велковски работи на уште мега трансфер - во Сараево носи екс играч на Јувентус

Поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велковски од ова лето е спортски директор на Сараево и веќе успеа значително да го засили тимот, а во моментов работи на уште еден мега трансфер.

Босанскиот гигант е во преговори со некогашниот голем хрватски талент и екс играч на Јувентус, Марко Пјаца кој зад себе има успешна сезона во Динамо, но поради несогласувања со Звонимир Бобан, одлучи да го напушти клубот. Сезонава е веќе почната, а тој се уште е слободен играч иако минатата недела се поврзуваше со Трабзонспор и Ал Наим од Саудиска Арабија.

Наводно, Пјаца е заинтересиран да се пресели во Сараево бидејќи го препознал големиот проект што се гради на Кошево, но останунваат да се договорат уште некои детали. Ако падне договор, 30-годишниот Хрват ќе биде уште едно во низата големи засилувања ова лето.

Во Сараево тој ќе игра со македонскиот интернационалец Стефан Ристовски со кого минатата сезона ја делеше соблекувалната во Динамо, а тука се уште Адем Љајиќ, Агон Елези, Иван Баниќ, Славко Бралиќ и Гојко Цимирот кои, исто така, дојдоа ова лето. Сараево последен пат беше шампион на БиХ во 2020 година.