Хет-трик за Довбик: Жирона со седум гола ја распарчи Гранада

Фудбалерите на Жирона ја завршија сезоната во Ла Лига на најдобар можен начин, откако во последното коло триумфираа со 7-0 против Гранада.

Првиот гол беше постигнат во 30. минута преку Гарсија, а до крајот на првото полувреме стрелаа и Циганков и Довбик.

Во второто полувреме Циганков постигна и втор гол, Довбик стигна до хет-трик, а еден погодок беше дело на Стуани.

Жирона ја заврши сезоната на третата позиција со 81 бод, додека Гранада е претпоследна на табелата.