Херта е газда во Берлин – Унион распарчен на четири дела за едно полувреме (ВИДЕО)

Берлинска Херта има фантастичен рестарт на сезоната во која тргна да се спасува и вечерва во градското дерби со Унион Берлин славеше убедливо со 4-0, а херој на мечот е Босанецот Ведад Ибишевиќ кој за 60 секунди го размонтира локалниот ривал.

Херта со двете победи без примен гол и вкупно седум дадени гола сега влезе во мирна зона со 34 бода, а и не е далеку од Европа, на само пет од Волфсбург. Ибишевиќ во 51-та со гол, а во 52-та минута со асистенција практично ја обезбеди победата, а потоа асистираше уште еднаш на Куња во 61-та, за на крај Бојата во 77-та да го постави конечниот резултат.