Хамес: Ова може да биде моја сезона во Реал Мадрид

Хамес Родригез по две годишната позајмица во Баерн Минхен, повторно се врати во Реал Мадрид. Иако имаше заинтересирани клубови за неговите услуги, како Атлетико Мадрид и Наполи, сепак немаше сериозна понуда која го задоволуваше „кралскиот“ клуб.

Колумбиецот вели дека е среќен што повторно игра во белиот дрес и дека ова може да биде негова сезона.

„Се надевам дека ова може да биде моја сезона во Реал Мадрид. Беше интересно. Играв на 'Сантијаго Бернабеу' по подолго време. Чувството е посебно. Ќе продолжам да работам напорно за да напредувам“, рече Родригез.