Халанд за новата сезона се подготвувал со - сечење дрва, планинарење и медитација!

Норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд за кратко време стана главна ѕвезда во Премиерлигата, а се очекува и во следната сезона да биде незапирлив за противничките фудбалери.

„Дејли Мајл“ пишува дека Халанд се подготвувал за новата сезона на необичен начин, односно со сечење дрва, планинарење и медитација на камен на река.

„Татко ми ме натера, немав избор“, се пошегува Халанд во одговорот во кој објасни како се подготвувал за сезоната под водство на татко му Алфи Халанд.

Халанд минатата сезона за премиерлигашот настапи на 45 меча, а притоа постигна 38 голови и шест асистенции.