Халанд за ноќта на вештерките се претвори во Џокер и плашеше луѓе во Манчестер! (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд кој игра во голема форма за Манчестер Сити оваа сезона, направи шоу за ноќта на вештерките откако реши да се претвори во Џокер и да излезе на улиците во Манчестер.

Халанд неодамна отвори свој јутјуб канал, неговото прво видео беше „Ден во животот на професионалниот фудбалер: Ерлинг Халанд“ и собра речиси шест милиони прегледи. Второто видео е „Бев таен Џокер на улиците во Манчестер“, објавено е ноќеска.

Норвежанецот се направи Џокер и излезе низ улиците на Манчестер, некои од луѓето го препознаа, па беа интересни нивните реакции.