Халанд ја откри тајната: Норвежанецот „учи“ од Роналдо за да стане најдобар во свет

Напаѓачот на Ред Бул Салцбург, Ерлинг Халанд блесна сезонава и привлече големо внимание на јавноста, откако постигна 14 гола на 11 настапи за клубот и репрезентацијата, меѓу кои беше и хет-трикот против Генк во дебито од Лигата на шампиони.

Младиот Норвежанец ја открива неговата тајна за одличната форма сезонава, а тоа се должи на неговата исхрана или поточно кажано исхраната на Кристијано Роналдо.

Халанд решил да ја користи истата диета како и легендарниот Португалец, а тоа очигледно вроди со плод сезонава. Младиот фудбалер сака да стане најдобар во свет, а токму со користење на рецептот на Роналдо се надева дека ќе му успее тоа.