Гвардиола се откажа од титулата: Можеби е време некој друг да биде шампион!
Негативниот тренд на Сити го почна Тотенхем во Лига купот со победа од 2-1, го продолжи Бормут во првенството со истиот резултат, по што следуваше пораз од Спортинг (1-4) во Лигата на шампионите. Брајтон само ја продлабочи кризата во таборот на „граѓаните“, кои уште сега заостануваат пет бода зад водечкиот Ливерпул.
Иако Гвардиола во минатото се соочувал со слични заостанувања што ги надоместувал, англиските медиуми го истакнуваат неговото обраќање по натпреварот, прашувајќи се дали доминацијата на Сити во Премиер лигата е завршена и дали Гвардиола всушност ја предал титулата.
„По шест освоени титули во Премиер лигата во последните седум години, можеби е време некој друг да биде шампион. Секогаш има првпат за сѐ. Натпреварите се губат. Ова е мој предизвик, а јас сакам предизвици и нема да се откажам. Повеќе од кога и да е сакам да успеам“, изјави Гвардиола.
Добра вест за шампионот од Манчестер е што следува репрезентативна пауза, па следниот меч за кој може добро да се подготват ќе го одиграат дури на 23 ноември и тоа на домашен терен против Тотнем.