Гвардиола: Само еден играч никогаш нема да го продадам!

Трофејниот шпански стручњак, Пеп Гвардиола, изјави дека Фил Фоден е единствениот играч на Манчестер Сити кој никогаш не би го продал.

Фоден е голема надеж на англискиот фудбал и младински репрезентативец. Тој пристигна во Сити на деветгодишна возраст, правејќи го своето деби како 17-години во 2017-та.

Не му понудивме договор само случајно. Тој е единствениот фудбалер кој никогаш нема да го продадеме, нема понуда што ќе го тргне од нас. Ние не би го продале ниту 500 милиони евра. Фил нема да оди никаде. Фил е Сити. Ние нема да носиме играчи на негова позиција. Тој е нашиот нов волшебник кога Давид Силва ќе си замине, истакна Гвардиола.

Во Англија, Гвардиола е често критикуван поради тоа што не го игра 19-годишниот офанзивен  играч. Оваа сезона Фоден одигра само 10 минути во Премиер лигата и ЛШ. Во меѓувреме, тој успеа да постигне гол против Динамо Загреб, меч во кој „граѓаните“ славеа со 2-0 во рамки на Лигата на шампионите.