
Гвардиола кажа во кој случај би заминал од Манчестер сити
Гвардиола кажа дека ќе го напушти премиерлигашот доколку и оваа сезона ја освои тројната круна.
„Ако оваа сезона ја завршиме со тројна круна, ќе заминам во пензија. Знам дека е тешко, со оглед на квалитетот на другите екипи во Англија. Ќе видиме до каде е нашето ниво, а моја должност во моментов е да најдам начин како да се извлечеме од оваа ситуација“, кажа Гвардиола.