Гром од ведро небо: Терзиќ повеќе не е тренер на Дортмунд!

Раководството на Борусија Дортмунд ќе тргне во потрага по нов тренер, откако денеска (не)очекувано ја прекина соработката со Един Терзиќ.

Терзиќ синоќа понудил оставка, по што управата на „милионерите“ организирала состанок на кој дискутирала за иднината на тренерот.

По деталната анализа, управата заклучила дека е најдобро да ја прифати оставката и да се раздели со Терзиќ.

Младиот тренер го предводеше бундеслигашот до второто место во сезоната 2022/23, а минатата сезона играше финале во Лигата на шампиони.