
Грчкиот фудбал тоне - газдата на Олимпијакос обвинет за дилање дрога!
Грчкиот фудбал тоне се подлабоко, а последната информација вели: сопственикот на најтрофејниот грчки клуб Олимпијакос, Ванегелис Маринакис, е обвинет за дилање дрога.
Станува збор за брод кој во јуни месец 2014 година од Дубаи во Грција донел два тона хероин.
Бизнисменот Макис Јанусакис веќе е осуден на доживотна робија, а притоа го обвинуваше министерот за одбрана, Панос Каменос, дека го уценувал за да го обвини Маринакис дека учествувал во целата шека. Дури сега, четири години подоцна, против Маринакис и официјално е покренато обвинение.
Обвинети се уште тројца, меѓу нив и адвокатот Вангелис Бајрактарис, како и сопственикот на бродови Илијас Цакирис. На сите четворица им е забрането да ја напуштат Грција додека трае процедурата. Сите се обвинети за здружување во злосторничка организација, поседување и дилање дрога.