Голман нема да брани во „летна лига“ - си планирал летување, а не да игра фудбал!?

Голманот на шпанска Фуеланбрада, Биел Рибас нема намера да игра фудбал после 30 јуни и да брани за својот клуб во продолжение на сезоната, ако таа продолжи во летниот период поради актуелниот прекин поради пандемијата од коронавирус.

Рибас добил понуда да добива цела плата за доигрување на сезоната после 30 јуни, што е и реално, бидејќи пред јуни во Шпанија, која е една од најпогодените од Ковид-19 нема шанси набрзо да се продолжи со фудбалот. Сепак, голманот сето тоа го одбил, зашто веќе си испланирал – летување.

Според голманот, неговиот договор е фудбалски да биде активен до 30 јуни, а потоа да оди на одмор и дури после тоа да се врати на тренинзи и подготовки за новата сезона. Вака, ниту ќе видел летување, ниту ќе се одморел, а патем кога ќе заврши продолжената сезона, ќе треба да се подготви за експресен старт на новата.

Фуеланбрада е 12-та во Сегунда, седум зад Елче кој е во зона за плејоф, а само четири од Албасете, кој е во зоната за испаѓање.