„Голема грешка направивме со именувањето на Кан за главен директор на Баерн!“
Кан цела година беше дел од раководството на клубот во кое Хенес беше почесен претседател и заедно со Карл-Хајнц Румениге беа алфа и омега на гигантот. Но, после турбулентната сезона Кан и Салихамиџиќ се веќе минато, а Хенес сега признава дека е направена сериозна грешка со изборот.
„Кан е многу интелигентна личност и секоја дискусија со него беше многу забавна. Но, големо разочарување е тоа што мислев дека може сам да ја извршува функцијата поради својот карактер и личност. Но, тој се опкружи со советници. Во разговорите со Кан (за заминувањето – н.з.), тој вербално го напаѓаше наследникот Јан-Кристијан Дресен и затоа му беше доветувано да не оди во Келн, за да нема понатамошна ескалација. Јас имам голема почит кон Оливер, постигна многу како играч, но не ги исполни очекувањата како директор, а на Баерн ми треба смиреност, не тотална бура која владее во последно време“, рече Хенес.