Голем клуб: Реал Мадрид прв ѝ го честиташе на Барса трофејот во Купот на Кралот (ФОТО)

Екипата на Барселона доцна синоќа, со убедливиот триумф над Атлетико Билбао (4-0) во финалето во Севилја, дојде до трофејот во Купот на Кралот, по што првата честитка за успехот им беше од – најлутиот ривал.

Реал Мадрид уште еднаш покажа дека е голем клуб, откако веднаш по завршувањето на последната пресметка од ова натпреварување испрати допис до Каталонците.

„Честитки до Барселона и до сите фанови на овој клуб за заслужено освоениот трофеј во Купот на кралот“, стои во објавата на „кралевите“.

Честитки по повод 31. триумф на составот од „Камп Ноу“ во најмасовното шпанско натпреварување стигнаа и од многу навивачи, но и од поранешни ѕвезди на тимот. Една од нив беше од поранешниот капитен, Карлес Пујол.

„Честитки екипо! Да живее Барса! Сега одиме на трофејот од Ла Лига“, напиша Пујол.