Голеада во Виго: Севилја со пресврт до триумф против Селта (ВИДЕО)

Севилја славеше со 4-3 против Селта виго во спектакуларен меч од 30. коло во шпанската Ла Лига.

Кунде ѝ донесе водство на Севилја по седум минути игра, но Аспас со два гола за три минути направи пресврт за Селта (2-1).

Фернандо погоди за 2-2 во 35. минута, а водството на Селта го врати Мендез, додека во второто полувреме Севилја направи нов пресврт. Ракитиќ најпрво израмни на 3-3, а потоа Гомез погоди за 4-3 во 76. минута.

Екипата од Андалузија има 61 бод на четвртата позиција, додека Селта остана на 10. позиција со 37 бодови.