Голеада во Леверкузен: Баерн Минхен по 37 минути води со 5-0! (ВИДЕО)

Баерн Минхен нема милост на гостувањето во Леверкузен кај Баер бидејќи по првиот дел води со убедливи 5-0 и се наоѓа на праг до нов триумф во Бундеслигата.

Голеадата ја почна Роберт Левандовски во четвртата минута, по што следеше целосен распад на домаќините од 30 до 37. минута, кога во листата на стрелци се запишаа полскиот напаѓач Томас Милер и двапати Серж Гнабри.