Гол и асистенција на Роналдо за нов триумф на Ал Наср (ВИДЕО)

Ал Наср вечерва славеше со 4-1 против Ал Ријад во 16. коло од првенството во Саудиска Арабија, а одличен меч одигра Кристијано Роналдо.

Роналдо го постигна првиот гол на мечот во 33. минута, а до крајот на првото полувреме му асистираше на Отавио за 2-0.

Во вториот дел Ал Наср постигна уште два погодоци, и тоа преку Талиска, додека гостите стрелаа еднаш преку Греј.

Ал Наср е втор на табелата со 37 бодови, односно седум помалку од лидерот Ал-Хилал.