Го деактивираше Твитер - профилот: Робертсон не можеше да издржи поради навредливи пораки!

Екипата на Ливерпул синоќа претрпе пораз од Наполи на „Сао Паоло“ во првиот меч од новата сезона во Лигата на шампиони со 2-0.

Натпреварот беше прилично изедначен, но домашната екипа сепак на крајот успеа да постигне два гола со кои славеше над актуелниот шампион на Европа. Првиот погодок го постигна Наполи во 82-та минута, откако Ендрју Робертсон го фаулираше во својот шеснаесетник Мертенс, кој успешно го реализираше ударот од белата точка. Победата ја потврди Фернандо Љоренте во 92-та минута кога ја искористи неодлучноста на дефанзивецот на Ливерпул и му донесе победа од 2-0 на својот тим.

Имено, откако Робертсон направи најстрога казна, по завршувањето на мечот доби огромен број навредливи пораки на својот Твитер - профил и се чини дека не можеше да го издржи тоа, па на крајот го деактивираше.

Научи како да тргнеш со топка. Подобро, поправи се човеку, изгледаш како сенка од минатата сезона. Врати се во Хал Сити ѓубре едно, беа само дел  од пораките што ги доби играчот на Ливерпул.