Ѓулер: Ќе успеам во Реал Мадрид, сигурен сум!

Младата турска ѕвезда, Арда Ѓулер е уверен дека ќе успее во Реал Мадрид и покрај тоа што има слаба минутажа оваа сезона.

Реал Мадрид има голем фонд на квалитетни играчи, па Арда Ѓулер не се изнаигра оваа сезона кај Карло Анчелоти.

Но и покрај тоа Турчинот верува дека ќе успее во кралскиот клуб.

„Ќе успеам во Реал Мадрид, сигурен сум во тоа. Реал Мадрид ми даде план и јас уште верувам во него. Ќе успеам во овој клуб“, вели Ѓулер.

„Ги сакам фановите на Реал Мадрид и нивната поддршка ми значи многу. Дојдов во голем тим и нема да запрам додека не бидам успешен тука“.

Ѓулер се поврзува со испраќање на позајмица со цел да игра повеќе, но тој очигледно нема намера да замине.