Генијален потег: Леверкузен го купи за 200.000 евра, а го продава за - 110 милиони!

Баер Леверкузен стана нов германски шампион, но по крајот на сезоната му се заканува распад на ѕвездениот тим затоа што европските гиганти планираат да ги купат најдобрите фудбалери на екипата.

Еден од најпривлечните фудбалери е Флоријан Вирц кој оваа сезона во Бундеслигата настапи на 29 натпревари, а притоа постигна 11 голови и 10 асистенции.

Интересно е тоа што „фармацевтите“ за неговиот потпис платија само 200.000 евра во 2018 година, а сега се шпекулира дека ќе го продадат за неверојатни 110 милиони евра.

За услугите на Вирц се заинтересирани неколку екипи меѓу кои се Баерн Минхен, Челси, Манчестер јунајтед и Манчестер сити.