Газдите на Рома одлучија: Де Роси останува тренер и идната сезона

Легендарниот фудбалер на Рома, Даниеле де Роси ќе остане тренер на римскиот тим и идната сезона.

Иако тој беше назначен како преодно решение по отказот што го доби Жозе Мурињо, челниците на Рома се задоволни од неговата работа и му дадоа доверба да ја води екипата уште една година.

„По одржаниот состанок со Де Роси, задоволни сме што можеме да објавиме дека тој ќе продолжи да ја извршува тренерската функција во Рома и идната сезона. Во својот тренерски ангажман, евидентен е позитивниот импакт и лидерскиот менталитет што го донесе во клубот, а среќни од тоа се и навивачите. Ќе продолжиме заедно со уште поголем ангажман“, се вели во соопштението потпишано од газдите Ден и Реј Фридкин.

Договорот нема да биде само за идната сезона, туку на подолг период, а се очекува да биде потпишан во следните недели.