Гави ги нападна критичарите: Ништо не разбирате! (ВИДЕО)

Талентираниот шпански фудбалер Гави се врати на теренот по тешката повреда на коленото, но веднаш се јавија критичарите кои сметаат дека тој не игра доволно добро.

Гави на прес-конференција пред новинарите испрати порака до критичарите, а притоа употреби и пцовка.

„Многумина мислат дека не знам да играм фудбал. Јас можам да им кажам дека немаат е*ана идеја за фудбал. Тоа е вистината. Ништо не разбираат“, кажа Гави.