
Јокиќ ниту со трипл-дабл не успеа да ги запре Клиперси (ВИДЕО)
Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл со 26 поени, 10 скокови и 12 асистенции, но имаше проблеми со слободните фрлања и загуби дури седум топки.
Клиперси на крилјата на Кавај Ленард успеаја да победат, откако тој постигна дури 39 поени, три скокови и две асистенции.
Серијата се сели во Лос Анџелес во ноќта меѓу четврток и петок во истиот термин, односно 4 часот по полноќ.
На вториот меч кој се одигра минатата ноќ, Детроит пистонс славеше против Њујорк никс со 100-94.
Фото: FB/Denver Nuggets