Гарај не е единствениот: Петмина членови на Валенсија се позитивни на Ковид-19

Утринава се појави информација дека фудбалерот на Валенсија, Езекиел Гарај е првиот во Шпанија што е заразен од коронавирусот, но клубот потврди дека има вкупно петмина позитивни. 

„Лос че“ преку соопштение ја информираа јавноста дека во клубот има петмина кои се позитивни на Ковид-19 од кои тројца се фудбалери, другите двајца се технички персонал. Тие не ги соопштија имињата на лицата, но соопштија дека моментално се чувствуваат добро и дека се во изолација.

Валенсија играше против Аталанта во осминафиналето во Лигата на шампионите. Првиот натпревар се одигра во Милано на 19 февруари, додека реваншот беше на 10 март на „Месталја“ пред празни трибини. 

Клубот уште еднаш ја повика целата јавност да биде совесна и да ги слуша советите на властите. Луѓето да останат дома и да ги преземат сите потребни хигиенски мерки.