Галатасарај доби ултиматум за Алиоски – да биде конкретен или ќе пропадне трансферот!

Менаџерот на македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски им пратил порака на раководните лица на турскиот гигант Галатасарај да бидат поконкретни и да ја забрзаат работата ако сакаат да го ангажираат левиот бек летово, зашто се поголема станува листата на заинтересирани за нашиот фудбалер.

Галатасарај уште пред неколку месеци беше прв клуб кој се појави во јавноста како можна опција за да го земе Алиоски, чии преговори со Лидс заглавија во ќорсокак и од Англија во последниве недели доаѓаат информации дека „многу минимални се шансите“, левиот бек на македонската репрезентација да остане во англискиот премиерлигаш.

Откако се појавија информации дека Трабзон исто така влегол во трка за Алиоски, а првата понуда од 1,1 милион евра годишна плата експресно била одбиена, завчера дојде веста од Италија, дека италијански Наполи, каде игра бисерот Елиф Елмас подготвил десет милиони евра за повеќегодишен договор на Алиоски како замена за Гулам, кој си оди од овој калчолигаш.

Поради ова, а во најава имало почетен интерес и од некои други засега неименувани клубови, менаџерот на Алиоски им порачал на раководните лица на Галата дека „прашањето за евентуалниот трансфер мора да го завршат што е можно побрзо, тој ќе започне преговоди со другите клубови кои веќе покажале заинтересираност, а и доставиле првични понуди“.

Сето ова доаѓа откако првиот човек на турскиот гигант Мустафа Ченгиз наредил да се запрат сите преговори за трансфери до доаѓање на ново раководство, па сега менаџерот на Алиоски сака чиста ситуација, дали Турците по секоја цена го сакаат макеоднскиот репрезентативец, или тој да му бара друг клуб на левиот бек.