Фудбалер на Вест Хем го загуби облогот, па доби „смртна“ казна! (ВИДЕО)

Секој човек во светот во овие моменти се обидува на одреден начин да заборави на досадата додека трае изолацијата во домот.

Таква е ситуацијата и со фудбалерите, кои наоѓаат различни начини да го потрошат своето време во излоација. Повеќето од нив играат онлајн игри, а најчесто ФИФА 20. Токму Рајан Сесењон од Тотнем и Мигел Антонио одлучија да се испробаат на добро познатата игра, а тој што ќе загуби мораше да го облече дресот на противникот, во случајов тоа беше Антонио.

Антонио реши да го испочитува договорот и да направи видео, а потоа ги воодушеви навивачите на Вест Хем со неговиот потег.

Јас сум човек од збор и облеков дрес на Тотнем, но не реков дека ќе дозволам да ми ја допира кожата, истакна Антонио, кој се оденсуваше како да добил „смртна“ казна.