Фудбалер на Севиља заврши в затвор затоа што намерно добивал картони
Делата тој ги направил во сезоната 2023/24 кога на неколку натпревари намерно добивал жолти картони откако претходно ги известувал своите соучесници. Во игра биле двајца негови добри пријатели кои уплаќале и заработувале откако облогот поминувал. И тие двајца се уапсени заедно со Салас, во текот на денов.
Интересно е тоа што Салас минатата сезона добил дури десет жолти картони од кои седум во последните девет кола од првенството. Оваа натпреварувачка кампања има само три јавни опомени.