Фудбалер на Њукасл му одговори на млад навивач и ги насмеа сите (ФОТО)

Фудбалерот на Њукасл, Алан Сент-Максиман пристигна на „Сент Џејмс парк“ минатото лето од редовите на Ница, во трансфер вреден 18 милиони фунти, што воедно е рекорд за клубот.

Тој има постигнато еден гол на 12 натпревари оваа сезона, а младиот Французин веќе подолго време е надвор од терените, поради повреда на коленото што ја претрпе на почетокот на минатиот месец.

Слободното време го поминува на социјалните медиуми, а еден негов коментар ќе остане запаметен до крајот на животот за еден млад навивач на Њукалс. Младиот Лука на Твитер објави фотографијаи на од себе си, а веднаш до него беше неговиот идол - Сент Максиман. Тој во опис напиша дека има сличности помеѓу него и фудбалерот на „црно - белите“, а неколку часа подоцна доби одговор, и тоа токму од Максиман, кој „збунето“праша: „Кој од двајцата на фотографијата си ти?“