Фросиноне испадна, но Ди Франческо останува во Серија А

Eусебио Ди Франческо го напушти тимот на Фросиноне кој во изминатата сезона испадна од Серија А и тој ќе остане дел од италијанската елита.

Ди Франческо се прости од клубот веројатно уште во последното коло кога Удинезе ги победи со 1:0.

Италијанскиот стратег го наследи Гросо во Фросиноне пред почетокот на сезоната, но не успеа да направи посериозен резултат.

Како што пренесуваат италијанските медиуми негов нов клуб ќе биде тимот на Венеција кој сезонава се избори за пласман во Серија А. Со овој клуб би требало да потпише договор на две години.