Франкфурт му подари победа на Унион Берлин (ВИДЕО)

Унион Берлин славеше со 2-1 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт во рамки на последниот натпревар од 23.коло во Бундеслигата. 

Домашните сами се победија, бидејќи буквално им ги подарија двата гола на гостите. Себастијан Андерсон го доведе тимот од Берлин во водство во 49-тата минута, по една неразбирлива грешка на домашната обрана. На 2-0 зголеми играч на Ајнтрахт, Обите Ендика, кој си постигна автогол во 67-та минута. 

Имаше уште еден автогол, а овој пат беше дело на гостите на Флоријан Хубнер, кој ги постави конечните 1-2. 

Унион Берлин сега го мина Ајнтрахт Франкфурт на табелата и се најде на 10-тото место со 29 бодови, еден повеќе од денешниот ривал.