Франкфурт издоминира на терен, но на крај се спасуваше од мизерен пораз (ВИДЕО)

Волфсбург освои огромни три бода на гостувањето кај Баер Леверкузен (4-1), додека Ајнтрахт Франкуфрт се спаси од уште еден мизерен пораз во 28. коло од германската Бундеслига.

Понграчиќ погоди за водство од 1-0 во првото полувреме, додека во вториот дел следеа три гола еден по друг, преку Арнолд, Штефен и Понграчиќ за убедлива предност од 4-0 на Волфсбург, по што Леверкузен во 86. минута успеа да намали на конечни 1-4.

Ајнтрахт Франкфурт имаше одличен меч, иако конечниот резултат (3-3) не го покажува тоа. Домаќините буквално напаѓаа од првата минута и создадоа 35 шанси кон противничкиот гол, но во еден момент имаа негатива од 1-3 и мораа да се спасуваат.

Грифо најпрво погоди за 1-0, по што Силва израмни на 1-1. Но, шокот следеше во второт полувреме кога Петерсен и Холер стрелаа за водствоод 3-1 на Фрајбург, по што Камада и Чендлер успеаа да го спасат Франкфурт од голем срам.

На последниот меч вечерва Вердер Бремен одигра 0-0 против Борусија Менхенгладбах.