Франк Лампард ќе биде новиот менаџер на Евертон

Англиската легенда Франк Лампард ќе биде новиот менаџер на премиерлигашот Евертон, откако раководството на „карамелите“ му ја понудиле функцијата после второто интервју со екс-фудбалерот и тренер на лондонски Челси, објавија англиски медиуми.

Лампард треба да биде наследникот на Рафаел Бенитез, кој доби отказ поради слабите резултати по само осум месеци на клупата, а раководството на Евертон било импресионирано од него по разговорите и му ја понудиле функцијата, па сега се очекува вечерва Лампард да дојде во Ливерпул и најверојатно утре да биде промовиран.

Бившиот англиски репрезентативец исто така е ептен загреан за клупата на „карамелите“ и гледа голем предизвик со работата на „Гудисон Парк“.