Французинот најавува нови скандали: Погба нема намера да игра за Јунајтед

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, одбива да влезе на теренот.

Според шпанската радио станица „Копе“, францускиот фудбалер целосно се рехабилитираше од повредата поради која не играше речиси два месеци. Сепак, тој нема намера да ја продолжи кариерата во Јунајтед и сака трансфер во текот на зимскиот преоден рок.

Главни кандидат за неговиот потпис се шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, а за негов евентуален англажман Јунајтед бара 150 милиони евра.

Пријавено е дека менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солшер, земајќи ги во предвид сите околности, повеќе не е против продажбата на Погба, иако летото беше категорично против прекин на соработката со него. Оваа сезона Погба одигра пет натпревари во Премиер лигата.