Француската Лига 1 останува со 20 клубови и за следната сезона

Иако судот во Франција го стопира испашањето на Тулуз и Анже после прекинатата сезона, француската Лига 1 нема да се прошири на 22 екипи, откако таа донесе одлука за влез на Лориен и Ланс во елитата по пандемијата со коронавирус.

Што ќе смислат во Франција ќе се знае во вторник на Собрание на лигата, ама по консултациите на Лига 1 со француската федерација, донесена е одлука дека првенството нема шанси да се игра со 22 екипи, па остануваат 20 во елитното друштво. Образложението е дека ТВ-правата веќе се продадени за 1,1 милијарда евра и дека повеќе од 38 кола се сериозен проблем за здравјето на фудбалерите, посебно што ќе се игра повторно во нов и доста згуснат календар.

Лига 1 сега треба да реши како ќе се одигра сезона со 20 клубови, а Тулуз и Анже да не испаднат, а Лориен и Ланс да влезат. Судот ја суспендираше одлуката за испаѓање, ама им наложи да ја испитаат опцијата за проширување на лигата. Сега, решение е Лориен и Ланс да извисат, или пак до вторник ќе се најде некаков друг компромис.

Новата сезона во Франција треба да стартува на 23 август.