Флорентино Перез одговори на понудата на Јуве за Роналдо!

Речиси сѐ е готово на релација Торино - Мадрид: Флорентино Перез прифати 100 милиони евра од Јувентус и сега нема никакви пречки Кристијано Роналдо да го засили италијанскиот шампион!

Информацијата која ја пренесува „Калчомеркато“ вели дека Реал ги прифатил финансиските услови кои ги понудил Јувентус, но засега останува непознато дали и Роналдо го прифатил она што му е нему понудено со договорот.

Роналдо треба во Јувентус да заработува 120 милиони евра за четири години, па сега останува уште тој да се произнесе и да биде комплетиран овој трансфер.