Флик: Минатата сезона беше прекрасна, во новата сакаме да освоиме уште трофеи

Барселона вечерва игра против Комо во рамките на Купот „Жоан Гампер“, а традицонално, пред почетокот на навивачите им се обрати тренерот Ханси Флик.

Со денешниот натпревар, официјално почнува сезоната за Барса, а и се промовираат новите засилувања, односно тимот кој ќе настапи во новата сезона.

„Ви благодарам за поддршката во текот на минатата сезона која беше прекрасна. Затоа сакаме да продолжиме да создаваме нови историски моменти. Напорно ќе работиме и во новата кампања, сакаме да освоиме уште трофеи“, изјави Флик.

Ова лето Барселона се засили со Маркус Рашфорд, Жоан Гарсија и Рони Бардџи, а си отидоа Ињиго Мартинез, Пау Виктор и Пабло Торе.