Фиорентина со пресврт до победа против Лацио (ВИДЕО)

Екипата на Фиорентина изби на седмаѕа позиција на табелата во Серија А откако со пресврт славеше во дуелот со Лацио со 2-1.

Гостите го добија првото полувреме благодарение на голот на Луис Алберто во последните моменти. Кајоде израмни во 61. минута, во 68. Нико Гонзалез не искористи пенал, но веќе во следниот напад Бонавентура ја донесе Фиорентина во водство кое значеше и победа на овој меч.

Со триумфот, „виолетовите“ го прескокнаа токму Лацио кој го претрпе седмиот пораз на гостински терен оваа сезона.