
Фиорентина откри зошто Кеан изгубил свест против Верона
Напаѓачот по укажаната помош се врати на теренот и без никаков контакт се падна на тревата и предизвика загрижност кај сите на стадионот.
Од Фиорентина преку социјалните мрежи се огласија и објаснија што му се случил на Кеан.
„Фиорентина известува дека фудбалерот Мојс Кеан во текот на натпреварот со Верона доживеа трауматска повреда на мозокот. Фудбалерот се наоѓа во болница на дополнителни испитувања“, стои во соопштението.
Ќе потсетиме, неодамна Едуардо Бове исто така од Фиорентина изгуби свест во натпреварот со Интер кој тогаш беше прекинат, па се доигра во февруари.
Moise Kean has collapsed on field after a head injury pic.twitter.com/5LVl5KEB62
— BitEuro (@Thermanmerman92) February 23, 2025