Французите ќе го тужат Кошаркарскиот сојуз на Хрватска поради расистичките навреди

Франција во петокот ја победи Хрватска и ѝ ги уништи сништата за уште еден настап на Европско првенство, но натпреварот во Задар го одбележаа расистичките навреди упатени од домашните навивачи кон противничките кошаркари.

Кошаркарскиот сојуз на Франција денеска ќе упати тужба до ФИБА за се она што се случуваше во Јазине, а тамошните медиуми, пред се Лекип се згрозени од атмосферата во балканската држава.

„Француските кошаркари беа цел на расистички навреди на домашните навивачи во Задар. Од трибините можеа да се слушнат мајмунски крици и тоа беше најгласно во моментите кога на Хрватите им стана јасно дека ќе загубат. Кошаркарскиот сојуз на Србија в понеделник ќе упати извештај и тужба за она што се случуваше“, објави Лекип.

Безмалку сите француски кошаркари беа жртви на расистички навреди, но реагираше само Макунду кој им се пожали на судиите и бараше реакција од нив. Критики за однесувањето на навивачите има и од хрватските медиуми кои не штедеа навреди за хулиганите кои ја посрамотија цела Хрватска.