ПСЖ во нов атак на Барса: Пред осум години ѝ го украде Нејмар, сега го планира истото со Јамал

Во 2017 години како земјотрес одекна трансферот на Нејмар од Барселона и ПСЖ и тој момент многу влијаеше на иднината на каталонскиот тим кој се уште не може целосно да се консолидира.

Иако Барса доби 222 милиона евра за бразилскиот ас, цените на фудбалерите нагло пораснаа, па парите ги инвестира во промашуваања како Дембеле и Кутињо. Тогаш почна и војната меѓу Барселона и ПСЖ, а францускиот клуб од Камп Ноу пазареше уште во неколку наврати иако тоа не беа такви спектакуларни трансфери.

Војната би можела да ескалира претстојното лето ако успее планот на ПСЖ во своите редови да го донесе најголемиот светски талент Ламин Јамал. За таа цел „светците“ се подготвени да платат 200 милиони евра што е огромна сума за 18-годишен фудбалер колку што ќе биде тогаш Јамал, но сепак премалку ако се има предвид дека Барса својата иднина ја базира токму врз шпанскиот репрезентативец. Во моментов главна цел на ПСЖ е да ги убеди Јамал и неговото семејство на трансфер во Париз, а потоа фудбалерот преку неговиот менаџер ќе почне притисок и на Барселона.

Во Каталонија ја научија лекцијата од 2017 година, па сега планираат да го претркаат ПСЖ во неговите идеи. Преговорите за нов договор на Јамал се веќе почнати и тој треба да биде потпишан наскоро, а откупната клаузула ќе биде наместена на милијарда евра, како и на уште неколку таленти во тимот. Тоа би требало да ги оттргне заинтересираните за негов трансфер, барем на неколку години, додека не се стабилизира во тимот.