ФИФА ги брани фудбалерите кои изразија политички пораки за Џорџ Флојд

Голем број на фудбалери изминатите неколку денови во Бундеслигата при прославата на погодоците искажаа политички пораки, односно протестираа поради убиството на афро американецот Џорџ Флојд во Минеаполис, САД од полицијата.

Во фудбалот е строго забрането за време на натпреварите да се искажуваат било какви политички пораки, а фудбалските федерации и најмногу ФИФА беа строги во донесувањето санкции.

Сепак, овој пат ФИФА на некој начин ги подржува протестите на фудбалерите, бидејќи ги повика фудбалските федерации да имаат разбирање за пораките. Беше најавено дека Германската фудбалската федерација може да ги санкционира Вестон Мекени од Шалке, кој носеше трака на раката со порака 'правда за Флојд', потоа Маркус Турам од Менхенгладбах, кој клекна на едно колено при прославата на голот и Џејдон Санчо, кој имаше испишано порака под својот дрес.

„ФИФА ја разбира длабочината на оваа иницијатива и грижите кои фудбалерите ги изразија поради трагичната смрт на Џорџ Флојд. Примената на законите на играта... е оставено за организаторите на натпреварувањето, кои треба да употребат здрав разум и да го имаат предвид контекстот на случувањата“, се вели во дел од соопштението на ФИФА.