
Феран Торес си оди, Левандовски се сели на клупа, доаѓа Алварез за 100 милиони евра?
И покрај тоа што е јасно дека Левандовски ќе остане во клубот, менаџментот веќе е во потрага по нов напаѓач, на долги патеки. Шпанските медиуми тврдат дека изборот паднал на аргентинскиот репрезентативец и член на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез.
Наводно, Барселона подготвува понуда од 100 милиони евра за човекот кој веќе освои се во кариерата и кој има фантастична сезона во дресот на Атлетико. Досега постигна 20 гола на 39 натпревари откако мадридскиот клуб летоска за него плати 75 милиони евра.
Сепак, прашање е дали Атлетико ќе се согласи да го пушти својот прв стрелец за „само“ 100 милиони евра имајќи предвид дека неговиот договор е со важност до 2030 година.