Фенербахче го потврди трансферот и се збогува со Елмас: Ти посакуваме да блескаш!

Турскиот гигант Фенербахче вечерва го потврди трансферот на македонскиот бисер Елиф Елмас во италијанскиот вицепрвак Наполи, без да објави детали од договорот, освен дека младиот македонски фудбалер заминува под Везув.

Истанбулскиот великан официјално потврди дека Елмас е продаден во Наполи и на Македонецот му посака многу среќа во иднина.

„Нашиот клуб се договори со Наполи за трансфер на фудбалер Елиф Елмас и тој заминува во Италија за да ја компелтира целата процедура и да потпише за новиот клуб. Елиф, кој го носеше нашиот дрес со гордост и беше навивач на Фенербахче успешно ги бранеше овие бои, покажа лојалност и голем потенцијач. Ти посакуваме многу среќа во иднина. Веруваме дека на најдобар начин ќе го презентираш Фенербахче во новиот дрес“, објавија од Фенербахче.