Фановите шокирани: Клаузулата во договорот на Меси со Барса повеќе не важи!

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси, сè уште не се согласи да потпише нов договор со екипата на Барселона.

Аргентинецот има договор со Каталонците уште една година и клубот е свесен дека мора да реагираат веднаш доколку не сакаат Меси да им замине следната сезона. Тресет и двегодишниот фудбалер ја помина целата своја кариера во Барселона, но постои можност да ја заврши кариерата во друг клуб. Отсекогаш се шпекулираше дека тоа може да биде „Њуелс Олд Бојс“, клуб каде Меси ги направи првите фудбалски чекори.

Сепак, она што ги шокираше навивачите беше фактот дека Меси имаше клаузула во неговиот договор дека може да ја напушти Барселона на крајот на оваа сезона, потполно бесплатно.

Сезоната требаше да заврши минатиот месец и Меси можеше да замине во кој било друг клуб бесплатно - според договорот. Но, паузата во сезоната наруши сè, а и покрај тоа, Меси немаше намера да го напушти „Камп Ноу“.

„ЕСПН“ пишува дека клаузулата за заминување на Меси од Барса без компензација истекла синоќа. Меси на овој начин покажа дека не сака да ја напушти Барселона и дека сака да ја заврши кариерата во овој клуб. Сепак, сè уште не е јасно за навивачите како клубот се согласил на можноста воопшто да го загуби Меси, без никаков надомест.